Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

 

 

 

Визуализација на латентни отпечатоци од прсти со раствор од сребро нитрат

Сребро нитратот се користи за да се визуализираат латентни отпечатоци на порозна примероци. Тој реагира со натриум хлоридот (сол) кој се содржини во потта.

Прибор
Вага, магнетна мешалка и тефлонско мешалче, четка, светилка со висок интензитет на светлина, темно стаклено шише.

Хемикалии
Сребро нитрат (чистота ≥ 99 %), етанол

Приготвување на воден раствор
На вага се мери 3 g сребро нитрат и се раствора во 100 ml дестилирана вода. Се меша се додека се постигне целосно растврање на кристалите.

Приготвување на алкохолен раствор
На вага се мери 3 g сребро нитрат и се раствора во 10 ml дестилирана вода. Приготвениот раствор се меша со 100 ml етанол.

Начин на работа
Растворот од сребро нитрат може да се примени со спреирање, потопување или премачкување. Се почекува да се исуши примерокот, а потоа се изложува на силна светлина. Тоа може да се изведе со помош на светилка или со изложување на сончева светлина. При оваа фаза се постигнува визуализација на отпечатоците.
Овие отпечатоци треба да се фотографираат што е можно поскоро.

Чување: Темно стаклено шише

Рок на траење: До 1 година